Покрај неправилностите во финансиското работење за кој клубот доби неколку казни, во Јувентус го тресат и поединечни скандали на клубови, прво Погба, а сега Фаџоли.
Познато е дека на професионалните фудбалери им е забрането да се обложуваат поради влијание на исходот на натпреварите и дека УЕФА и ФИФА не толерираат такви работи, но Фаџоли, наводно, не го почитувал тоа, а последиците можат да бидат големи.
Фудбалерот е под лупа повеќе месеци, со постапката се запознати и адвокатите на Јувентус и останува само да бидат изнесени доказите против Фаџоли. Ако тие не можат да се соборат, му се заканува парична казна од 25 илјади долари и суспензија на дури три години.
Тоа би можело да биде сериозен удар по кариерата на Фаџоли имајќи предвид дека има само 22 години, а сезонава почна да добива се поголема шанса кај Масимилијано Алегри.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.