1,1K
Манчестер сити обезбеди во финалето од ФА-купот, откако вечерва во полуфиналната пресметка на „Вембли“ го совлада Нотингем Форест со 2-0.
„Граѓаните“ започнаа фуриозно и уште во втората минута поведоа преку Луис. Нотингем не најде начин да возврати, а казната пристигна на стартот на второто полувреме, кога Гвардиол со прецизен удар ги постави конечните 2-0.
Со оваа победа, Сити си закажа битка за трофејот на 17 мај на „Вембли“ ќе се соочи со Кристал палас, кој претходно без проблеми ја совлада Астон вила со 3-0.