Популарните „шумари“ решија да го направат Лиам Делап најскапиот трансфер во својата историја, па ќе платат 50 милиони фунти и покрај тоа што напаѓачот минатата сезона постигна само еден гола во Премиерлигата.
На сите им е јасно дека клубовите од Англија имаа многу пари, со години доминираат на трансфер пазарот, но често знаат и да ги збунат љубителите на фудбалот со потезите кои ги влечат.
Многумина се чудеа како Тотнем се нафати да плати 85 милиони фунти (околу 100 милиони евра) за ангажман на Савињо од Манчестер Сити.
Бразилецот имаше само епизодна улога на „Етихад“, и прикажа премалку за еден офанзивен играч, во две сезони во најсилното првенство на Англија, постигна само два гола.
Слична ситуација сега има и со Лиам Делап од Челси, кој минатата сезона постигна само еден гола во Премиерлигата.
Но и покрај тоа, Нотингем Форест руши рекорди за напаѓачот, ќе плати 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра) и ќе го направи Англичанецот најскапиот трансфер во својата историја.
„Сините“ ќе си ќарат убаво откако платија 30 милиони фунти за неговите услуги пред 12 месеци, и ќе остварат значителен профит и покрај тоа што Англичанецот се покажа како големо трансфер промашување.
ФОТО: X/Chelsea FC