За прв пат по
1999 година, Нотингем Форест ќе игра во Премиерлигата и очигледно целта е да се
опстане во елитата.
„Црвените“ беа
прилично активни на трансфер пазарот, купен е цел еден тим. Голем број на
извори пренесуваат дека е договорен трансфер на Орел Мангала од Штутгарт вреден
15 милиони евра, па фудбалерот од средниот ред ќе биде 11-тото засилување.
Претходно беа
потрошени рекордни 20,5
милиони евра за Таиво Авонији од Унион Берлин, а клубот потпиша и со Џеси
Лингард, Англичанецот дојде беспари но доби плата од неверојатни 200.000 фунти
неделно.
20 милиони евра
беа потрошени за Неко Вилијамс, а по 10 милиони евра за Муса Ниакате и Жулијан
Бјанконе.
Омар Ричарс е
платен 8,5 милиони евра, а скоро 6 милиони евра се одвоени за Луис О’Брајан,
истата сума е платена и за Хари
Тофоло.
Најевтино
засилување е Брендон Агилера за кого се одвони 950.00 евра, а уште едно звучно
засилување дојде на позајмица, односно голманот Дин Хендерсон од Манчестер
јунајтед.