Норвешка вечерва ќе настапи со резервен состав против Франција, медиумите најавуваат дека селекторот Столе Солбакен ќе направи дури десет промени во споредба со натпреварот против Сенегал.
Норвешка вечерва ќе игра против Франција во натпревар кој ќе го даде првопласираниот тим во групата И.
Но според најавите на медиумите од Норвешка, Столе Солбакен се предал уште пред да почне пресметката на „Жилет Стадионот“.
Како што пренесува магазинот ВГ, Норвешка ќе настапи со резервен состав односно ќе бидат направени дури десет промени и на клупа ќе остана големите ѕвезди како Ерлинг Халанд и Мартин Одегард.
Единствен кој ќе го задржи местото во споредба со натпреварот против Сенегал ќе биде Фредрик Аурснес.
Во ваква насока се движеше и изјавата на Халанд по триумот над Сенегал: „Искрено, сега воопшто не размислувам за овој натпревар. Франција веројатно ќе нè победи, а мислам дека има и најголеми шанси да го освои турнирот“.
ФОТО: X/Fotballandslaget