Нојер ништо не одбрани, прими пет гола од пет шута во Париз!

by riste
1 минути читање

Мануел Ноер има 40 години и се уште е прв голман на Баерн, но можеби германскиот гигант треба сериозно да почне да мисли за негова замена.

Во четвртфиналето против Реал, можеше да го чини својот тим елиминација бидејќи на реваншот на домашен терен беше виновен за два гола на противничкиот тим, а синоќа со ПСЖ не успеа да одбрани буквално ништо. Противничките фудбалери му дадоа пет гола од исто толку директни удари, па со такво издание на искусниот голман, Баерн дури извади и добар резултат.

Статистиката вели дека ПСЖ на синоќешниот натпревар имал вкупно десет шута, но половина од нив не биле во рамките на голот.

Фан маички за Светското првенство, погледнете – ТУКА!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×