Ноер не мисли на пензија: Ќе брани за Баерн и за помалку пари!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот голман на Баерн Минхен, Мануел Ноер, не размислува за пензија и покрај тоа што неодамна го прослави својот 40. роденден. Искусниот чувар на мрежата постигнал договор со баварскиот гигант за продолжување на соработката за уште една сезона, односно до летото 2027 година.

Според информациите на Фабрицио Романо и „Скај Спорт“, двете страни веќе постигнале целосен договор за новата соработка. Сепак, за да остане на „Алијанц Арена“, Ноер прифатил значително намалување на платата.

Досега германскиот голман заработуваше околу 20 милиони евра бруто по сезона, вклучувајќи бонуси, но според новите услови се согласил на финансиски компромис со цел да му помогне на клубот да го растерети буџетот.

Официјалната потврда на договорот се очекува најдоцна до сабота, кога Баерн ќе го игра последниот натпревар во Бундеслигата против Келн. Германските медиуми најавуваат дека продолжувањето на соработката би можело да биде објавено за време на прославата на шампионската титула.

Ноер пристигна во Баерн од Шалке во 2011 година и оттогаш стана една од најголемите клупски легенди со речиси 600 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×