Нкунку го одложи трансферот за следното лето, стави потпис на нов договор со откупна клаузула

by
0 минути читање

Кристофер Нкунку
имаше одлична сезона во дресот на „биковите“ па го привлече вниманието на гигантите
ширум Европа. Французинот сепак реши да не брза со трансфер и стави потпис на
нов договор.

„Кристофер Нкунку
останува! РБ Лајпциг и најдобриот фудбалер во Бундеслигата во сезоната 2021/22 договорија
продолжување на соработката до 2026 година“
– гласеше известувањето.

Медиумите
пренесуваат дека Кристофер Нкунку добил значително повисока плата, околу 3
милиони евра повеќе, како и шанса за трансфер по 12 месеци.

Се шпекулира дека
во неговиот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра која се активира летото
во 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×