Сандро Тонали
оваа недела доби суспензија од 10 месеци поради обложување, иако е нејасно кога
фудбалерот ќе почне да ја отслужува казната (се говори дека тој може да игра
против Вулверхемтон овој викенд), Њукасл ќе остане без неговите услуги до
крајот на сезоната.
Па на „Сент Џејмс
Парк“ веќе се кројат планови за ангажман на соодветна замена и на листата со
желби има неколку имиња.
Калвин Филипс од
Манчестер Сити е една опција, но за да не бидат прекршени правилата за
Финансиски фер плеј, се шпекулира дека Њукасл ќе се насочи кон други
алтернативи и ќе побара помош од Саудиска Арабија.
Рубен Невеш од Ал
Хилал е високо на листата на желби како и Нголо Канте од Ал Итихад.
Овие два клуба и
Њукасл имаат ист сопственик во инвестицискиот фонд ПИФ, па можат да се
заобиколат правилата и да се договори поволна зделка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.