Њукасл сака да покаже моќ и пред Реал и Барса да го купи големиот талент на Селта

by
1 минути читање

Њукасл стана
најбогатиот клуб во светот на фудбалот откако премина во рацете на конзорциум
предводен од Саудиска Арабија.

Се очекуваше
клубот од Сент Џејмс Парк да почне да се разфрла со пари, но до овој момент
трпеливо се инвестира во засилувања кои чекор по чекор го подигнуваат
квалитетот и го приближуваат до најдобрите во Премиерлигата и Европа.

Последните
информации велат дека Њукасл сака да покаже моќ и да ја победи конкуренцијата
од звучни имиња за потписот на Габри Веига.

20 годишното
момче е едно од најпријатните изненадувања во Ла Лига оваа сезона, фудбалерот
од средниот ред е втор стрелец на Селта со 9 погодока, па почна да се шпекулира
со богат трансфер.

Барселона подолго
време внимателно го следди неговиот прогрес, а последните информации велат дека
и Реал Мадрид сериозно загризал и во Габри Веига гледа идеална замена за Тони
Крос и Лука Модриќ.

Габри Веига има
откупна клаузула од 40 милиони евра, парите не се проблем за Њукасл, и
потешкиот дел од задачата е да се убеди момчето да се пресели на „Сент Џејмс
Парк“ наместо во гигант како Реал Мадрид и Барса, кои се сон на речиси сите
фудбалери од Шпанија.

Арсенал,
Ливерпул, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити исто така го имаат името на Габри
Веига во своите бележници.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×