178
Њукасл е прилично резервиран на трансфер пазарот ако се знае дека стана најбогатиот клуб во светот по зделката со која сопственоста премина во рацете на конзорциум предводен од Саудиска Арабија.
Но до крајот на преодниот рок можат да се променат работите, Њукасл се интересира за голем број на фудбалери.
Последните информации велат да Њукасл мерка дури четворица фудбалери на Челси и побарал да биде информиран за нивната ситуација, и дали има можност за трансфери.
Се работи за Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон Одои, Конор Галагер и Армандо Броја.