Њукасл не успеа да го купи Барела од Интер, па испрати понуда за ѕвездата на Милан

by
1 минути читање

Неколку извори од
Италија пренесуваат дека Њукасл отворил преговори со Милан за ангажман на Сандро
Тонали.

Клубот од Сент
Џејмс Парк со 60 милиони евра се обиде да го купи Николо Барела од Интер, но
откако не успеа, се насочил кон сличен профил на играч од градскиот ривал
Милан.

На маса бил
ставен предлог тежок 55-60 милиони евра, понуда кој сепак била одбиена. „Росонерите“
бараат околу 80 милиони евра за да почнат да размислуваат за продажба.

Се верува дека и
Сандро Тонали не е премногу заинтересиран за напуштање на Сан Сиро, но Њукасл може да го
примами со голема плата (тројно повеќе од тоа што го заработува во моментов), агентите на играчот се во Лондон и ќе слушнат што има
да каже раководството на „страчките“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани