Рафиња чесо се поврзува со враќање во Премиерлигата, Њукасл е еден од клубовите кои сакаат да го видат Бразилецот во своите редови.
Како што пренесува новинарот Жерард Ромеро, Барселона добила интересен предлог. Њукасл доставил вербална понуда од 30 милиони евра плус услугите на Бруно Гимараеш за Рафиња да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Информациите се малку изненадувачки со оглед на тоа што Барселона го има Бруно Гимараеш во бележникот како една од опциите за замена на Серхио Бускетс, но постојано се пишува дека Њукасл нема намера лесно да се откаже од фудбалерот од средниот ред и ќе бара преку 100 милиони евра за негова продажба.
Сега испаѓа дека Њукасл не само што ќе го испрати Бруно Гимараеш на Камп Ноу, ќе плати и солидна сума на пари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.