Откако Њукасл премина во рацете на конзорциум предводен од Саудиска Арабија се очекуваше клубот силно да инвестира во нови засилувања.
Во јануари за сопствен рекорд од 50 милиони евра беше донесен Бруно Гимараеш од Лион и се најавуваше дека инвестициите ќе продолжат по крајот на сезоната.
Њукасл сепак внимателно игра на летниот трансфер пазар, не се расфрла со пари и до сега потроши околу 65 милиони евра на Свен Ботман, Мат Таргет и Ник Поуп.
Но работите можат да се променат наскоро откако беше доставена понуда за Џејмс Мадисон. Лестер го одби предлогот вреден 40 милиони фунти, но се очекува Њукасл повторно да тропне на вратата.
Медиумите од Англија шпекулираат со сумата од 50 милиони фунти (речиси 60 милиони евра), со што Англичанецот би станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.
Останува да се види што ќе одлучат „лисиците“ кои се единствениот клуб од Англија без засилување ова лето, Лестер прво мора да продаде некого за да прибере пари.