Њукасл испушти победа против Евертон, Тотнем остана без два бода кај Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Изминатиов
викенд, Њукасл во драматичен финиш направи пресврт и славеше против Вест Хем,
но вечерва избраниците на Хау испуштија победа во последните мигови од пресметката
против Евертон.

Исак донесе
водство за домаќините од 1-0 во 15. минута, но Калверт Луин во 88. минута
реализираше пенал и се погрижи за поделба на бодовите.

Победник немаше и
во дербито на Лондон помеѓу Вест Хем и Тотнем, гостите поведоа по пет минут
игра, Џонсон донесе 0-1. Сепак, во 19. минута од мечот, Зума ја затресе мрежата
по еден корнер за 1-1.

Истиот резултат
гласеше и на дуелот помеѓу Барнли и Вулверхемптон, Нотингем Форест со 3-1 го
совлада Фулам, додека пак Борнмут со минимални 1-0 славеше против Кристал
Палас.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани