139
Њукасл цела
година се обидуваше да го купи Џејмс Медисон, до пред десетина дена клубот од
Сент Џејмс Парк важеше за главен фаворит во трката за потписот на Англичанецот,
но потоа Тотнем стапи на сцена.
„Спарси“ за една
недела успеаја да го убедат Лестер за трансфер, и тоа за далеку пониска цена.
Голем број на
извори пренесуваат дека двата клуба си подале рака за трансфер од 40 милиони
фунти, a Џејмс Медисон прифатил долгогодишен
договр со плата од 170.000 фунти неделно.
Сега останува фудбалерот да ги помине редовните лекарски прегледи и да ја финализира преселбата во Северен Лондон.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.