Низа за респект: Англиски второлигаш не примил гол 1.000 минути

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барнли се во фантастична низа и вчера против Престон го одиграа 11-тиот натпревар без примен гол.

Барнли одигра реми без голови против Престон и тоа за нив беше 24-тиот дуел во сезоната на кој нивната мрежа остана „чиста“, а 11-ти во низа.

Не само што Барнли успеа да ја сочува својата мрежа, туку и не дозволува премногу удари кон голот кој го чува Џејмс Трефорд. Вкупно противниците на Барнли во овие 11 натпревари упатиле 21 удар.

„Одлично е кога сте добри во одбраната, затоа штоа ко не постигнете гол, барем не сте загубиле. Овоивме бод благодарение на тој рекорд кој го поставивме“, изјави Џош Кален, фудбалерот на Барнли од средниот ред.

Барнли во Чемпионшип е во битка за место во Премиер лигата и се наоѓа на третата позиција со 65 бода, Лидс има 69, а Шефилд 70.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани