Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Нико О’Рајли е прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата за сезоната 2025/26.
Дваесет и едногодишниот фудбалер зад себе има одлична сезона во дресот на „граѓаните“, откако на 34 натпревари во англискиот шампионат постигна пет голови и забележа три асистенции.
„По првите настапи во сениорскиот фудбал минатата сезона знаев дека ќе добијам шанса ако продолжам напорно да работам. Голема работа за мене е довербата од тренерот и соиграчите, а сега со нетрпение го очекувам и Светското првенство со Англија“, изјави О’Рајли за клупскиот сајт на Манчестер Сити.
Претходно за најдобар фудбалер во Премиер лигата беше избран Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.