Ниту клубовите, ниту Романо: Првата потврда за големото засилување на Арсенал пристигна од неговиот фризер! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Англискиот премиерлигаш Арсенал е на добар пат во летниот преоден рок да го засили својот напад со едно од најбараните имиња на европскиот фудбалски пазар, словенечкиот напаѓач Бенџамин Шешко.

Иако веќе подолго време се шпекулира за можен трансфер на Шешко во Арсенал, првата посериозна најава пристигна преку објава на неговиот фризер на Инстаграм.

Имено, фризерот на Шешко објави фотографија со напаѓачот на која напиша:

„Секогаш ни е задоволство што си со нас, пријателе. Се надеваме дека ќе продолжиме соработката и во Лондон“.

Оваа објава дополнително ги засили шпекулациите дека трансферот е пред финализација, особено откако англиските медиуми претходно најавија дека „топчиите“ ќе издвојат сума од над 80 милиони евра за ангажман на 21-годишниот голгетер.

Шешко би требало да биде четврото засилување за Арсенал откако лондонскиот клуб веќе ги обезбеди потписте на: шпанскиот плејмејкер Мартин Зубименди, Кристијан Норгард од Брентфорд, како и на голманот Кепа Аризабалага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×