„Каталонците“
продадоа 25% од ТВ правата и направија капителна добивка од околу 660 милиони
евра, следуваше и продажба на 24,5% од „Барса Студиос“ за нови 100 милиони евра
и Жоан Лапорта изрази надеж дека ќе можат да ги регистрираат засилувањата.
Сепак, од Ла Лига
стигна негативен одговор, 760 милиони евра не се доволни за да се излезе од
тешката финасиска ситуација.
Со оглед на тоа
дека новата сезона започнува за една недела, на Жоан Лапорта му се брза и ќе
продава нов имот.
Медиумите од Шпанија
пренесуваат дека се водат преговори со фондот ГДА Лума за продажба на нови
24,5% од „Барса Студиос“, зделка која ќе треба да донесе нови 100 милиони евра.
Останува да се
види дали Ла Лига ќе даде зелено светло за регисгтрација на новите засилувања
по оваа трансакција, или на Жоан Лапорта и неговите соработници ќе продолжи да
им гори под нозе.
Намалување на
сметката за плати, и продажба на играчи е вториот начин за регистрација на новите засилувања, но во моментов Барса мака мачи да се раздели со фудбалерите на кои
Чави не смета.