„Каталонците“ ова
лето беа во потрага на замена за Серхио Бускетс а на листата со желби имаше
неколку имиња како Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Џошуа Кимих од Баерн
Минхен и Марсело Брозовиќ од Интер.
Но сите овие се
покажаа како прескапи, па Барселона се реши за нискобуџетно решение и го врати Ориол
Ромеу, кој мина неколку години
во академијата, стигна и до првиот тим но никогаш не доби вистинска шанса.
„Барселона и Жирона
постигнаа договор за трансферот на Ориол Ромеу. Фудбалерот ќе потпишe договор
на три сезони до 30. јуни 2026 година и неговата откупна клаузула ќе биде 400
милиони евра“ – гласеше известувањето.
Како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, Барселона за услугите на Ориол Ромеу ќе плати околу 4
милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.