Екипата на Интер веќе го склопува поголемиот дел од напаѓачкиот ред за новата сезона.
Секако, остануваат Лаутаро и Тирам, а се очекува и доаѓањето на Бони. Францускиот напаѓач од Парма, кој минатата зима беше голема желба на Наполи, сега е многу блиску до „црно-сините“. Станува збор за фудбалер за кој „нераѕурите“ би можеле да платат 25 милиони евра.
Бони е тип на фудбалер каков што Интер во моментов го нема во својот состав, па затоа Марота и Занети инсистираат на негов ангажман.
По заминувањето на Арнаутовиќ, слободното место во ростерот ќе го пополни талентираниот Франческо Пио Еспозито. Наполитанецот, кој има уште двајца браќа, исто така фудбалери, Салваторе (во Специја) и Себастијано (исто така во Интер, вратен од позајмица во Емполи), доби шанса кај Киву. Повредата на Турам, како и доцното пристигнување на Тареми во САД поради војната во Иран, му ги отворија прилика да се докаже.
Тој ќе биде четврта опција во нападот, а евентуалниот ангажман на петтиот напаѓач зависи од судбината на Тареми. Иранецот немаше особено успешна прва сезона откако пристигна од Порто, а интерес за него има од страна на Бешикташ, како и од клубови од Премиер лигата, се споменуваат Фулам и Нотингем Форест, и тоа најчесто на позајмица. Интер има потреба од свеж капитал, па ако не успеат да го продадат, како што пренесува „Кориере дело Спорт“, тој ќе остане во тимот, што би значело дека напаѓачката линија е комплетирана.
Според најновите информации, од ангажман на Хојлунд нема ништо, Манчестер Јунајтед инсистира Данецот да биде целосно откупен, без никакви опции за позајмица, па шансите тој да заврши на „Џузепе Меаца“ се минимални.