Ништо од трансфер во Барса, Нико Вилијамс потпиша нов десетгодишен договор со Атлетик Билбао!

by riste
1 минути читање

Атлетик Билбао потврди дека го продолжува договорот со Нико Вилијамс до 2035 година, а откупната клаузула ќе му биде зголемена за 50 проценти.

Се очекуваше дека само прашање на време е кога Барселона ќе ја активира откупната клаузула на Нико Вилијамс и тој ќе стави потпис на договор со каталонскиот клуб, но тоа не се случи, шпанскиот репрезентативец останува во Атлетик Билбао.

Изненадувачки е и тоа што се работи за договор со трајност од дури десет години, до 2035.

„Нико Вилијамс го обнови договорот со Атлетик Билбао до 2035 година. Крилниот фудбалер се обврза кон клубот и за наредните десет сезони, неговата откупна клаузула се зголеми за повеќе од 50 проценти“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×