Ништо од трампа со Атлетико Мадрид, Јувентус ќе го засилува нападот од Премиерлигата

by bojan
1 минути читање

Потрагата на „старата дама“ за нов напаѓач води кон Премиерлигата, Џошуа Зиркзе од Манчестер јунајтед и Ник Волтемаде од Њукасл.

Јувентус сака да донесе ново име во нападот со карактеристики различни од оние на Рандал Коло Муани.

Се говореше за трампа со Атлетико, односно Џонатан Дејвид да се пресели во Мадрид, а во спротивен правец да пристигне Александер Сорлот.

Но очигледно една ваква зделка нема да се реализира, последните информации велат дека „старата дама“ чека Џонатан Дејвид да се пресели на „Метрополитано“, за тие да тропнат на вратата на Манчестер јунајтед за Џошуа Зиркзе.

Шпекулациите велат дека Јувентус ќе понуди 3 милиони евра за позајмица на Холанѓанецот, плус опција за додатни 30 милиони евра да го купи во целост.

Ник Волтемаде од Њукасл исто така е опција, Лучано Спалети веќе разговарал со Германецот, но неговата цена е малку повисока.

Во меѓувреме, Јувентус договори засилување за средниот ред, се работи за Папе Матар Сар од Тотнем, кој ќе пристигне на позајмица, со опција за перманентен трансфер (опцијата може да стане обврска под одредени услови) во зделка вредна околу 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×