907
Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави дека во Борусија Дортмунд донеле одлука и нов тренер на тимот ќе биде Хрватот Нико Ковач.
Ковач е без ангажман откако во март го прекина договорот со Волфсбург, а во Бундеслигата има искуство бидејќи претходно работеше во Баерн Минхен и Ајнтрахт.
Екипата на Борусија не игра најдобра сезона и во овој момент има 22 бода помалку од лидерот Баерн Минхен и шест помалку од Штутгарт кој е на последното место кое води во Лигата на шампионите наредната сезона.
Во Борусија од Ковач очекувањата ќе бидат да стигне со тимот барем до четвртата позиција и да обезбеди место во елитното натпреварување следната сезона.