Ништо од Шешко и Ѓокереш, Артета сака да купи напаѓач од Челси!?

by riste
1 минути читање

Арсенал долго време е во потрага по вистински напаѓач, топчиите се поврзуваа со повеќе играчи, а последните информации велат дека ќе тргнат по играчот на Челси, Николас Џексон.

Арсенал неодамна потпиша со голманот на Челси, Кепа Аризабалага, но повторно сака да купува од својот градски ривал, овојпат мета им е Џексон.

Џексон пристигна кај „сините“ и многумина очекуваа да доминира на теренот, меѓутоа напаѓачот не се прослави во Челси, па наскоро би можел да го засили ривалот од „Емирати“.

Репрезентативецот на Сенегал минатата сезона настапи на 36 меча за Челси, а притоа постигна 13 голови и шест аситенции, по што „сините“ решија да го купат Лијам Делап.

Фото: Facebook/Arsenal FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×