По богатата европска кариера, Хамес Родригез повторно ќе игра пред домашната публика. Колумбискиот фудбалер потпиша за Атлетико Насионал, каде што пристигнува како слободен играч по разделбата со американскиот клуб Минесота.
Двете страни договорија едногодишна соработка, со опција договорот да биде продолжен за уште една сезона. За 35-годишниот играч за врска ова ќе биде само втор клуб во најсилната колумбиска лига. Негов прв клуб во домашниот шампионат беше Енвигадо, каде што во 2006 година ја започна професионалната кариера.
Атлетико Насионал трансферот го чуваше во строга тајност, а клубот дури во последен момент официјално го потврди доаѓањето на големото име.
Хамес беше без ангажман од јули, а во последниот период се поврзуваше и со Авелино, италијански второлигаш. Во дресот на Минесота, сепак, не успеа да остави поголем впечаток и настапи на само осум натпревари.