И покрајзголемиот интерес од Барселона, англискиот гигант Ливерпул нема намера да се откаже од услугите на колумбискиот офанзивец Луис Дијаз. Како што пренесува британскиот Мирор, досега не бил воспоставен официјален контакт меѓу двата клуба, а позицијата на „црвените“ е јасна, Дијаз останува на „Енфилд“.
Напротив, наместо да преговараат за евентуален трансфер, Ливерпул планира да започне разговори за продолжување на договорот со 28-годишниот фудбалер, кој има договор до 2027 година.
Дијаз беше еден од најзаслужните за минатосезонскиот успех на Ливерпул во Премиер лигата. Во 36 лигашки настапи запиша 13 голови и 7 асистенции, што го постави меѓу највлијателните играчи во тимот.
Неговата пазарна вредност моментално се проценува на околу 70 милиони евра, но според англиските медиуми, Ливерпул нема интерес ниту да слуша понуди, па дури ни од клуб со реноме како Барселона, која одамна го следи Колумбиецот.