Николов со реакција по скандалозната прослава на Шкендија: Покажавте дека сте мал клуб кој нема историја

by
1 минути читање

Бобан Николов, екс
фудбалерот на Вардар не остана покус а да не реагира на начинот на кој
фудбалерите на Шкендија ја прославија победата над бранителот на трофејот во
нашиот шампионат, со скандирања „Ајде Вардар пуши ми го к***т“.

Кога шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има
ВАРДАР тогаш радувајте се… ама како луѓе… Уште еднаш покажавте со вакво
радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас! Со исклучок
на некои играчи од таму кои без разлика на се јас ги почитувам и сум играл и
играм со нив! П.С. Почитувајте си ги колегите без разлика во кој клуб играте и
покажете барем трошка РЕСПЕКТ… Честито Титула!!! И не заборавајте… ЕДЕН Е
ВАРДАР!!! Спортски поздрав
“ гласеше неговата порака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани