МОЛ Види на
нашиот Бобан Николов ја забележа првата победа во групната фаза од Лига Европа,
вечерва клубот од Унгарија славеше среде Солун на незгодното гостување на
„Тумба“ со 0-2.
Резултатот го
отвори Хушти во 12. минута по една грешка на домашната одбрана а пред крајот на
првиот дел популарниот Стопира ја затресе мрежата на ПАОК за 0-2 и големи три
бода за МОЛ Види. Бобан Николов мечот го започна на клупата за резерви и ги
одигра завршнтие 10 минути.
На останатите
мечеви од 21 часот во Лига Европа стрелците беа прилично расположени, а
најмногу голови паднаа во Шпанија каде Виљареал со 5-0 го совлада Рапид а
Севиља со 6-0 триумфираше над Акхисар.
Челси со
хет-трикот на Лофтус Чик славеше со 3-1 над БАТЕ, а Лацио го доби дербито со
Марсеј и со 1-3 победи на „Велодром“.