163
Лече денеска го пречека лидерот во Серија Б, тимот на Емполи и успеа со два гола во финишот да дојде до бод.
Бобан Николов доби шанса од првата минута, доби жолт картон уште по пет минути игра, а од теренот беше изваден во 54. минута кога тренерот на Лече направи тројна измена при негатива од 2-0.
Жута кој исто така беше стартер излезе во 77. минута, две минути подоцна Лече со гол на Манкосу намали на 2-1, а во 90. минута гол даде и Родригез за конечни 2-2.