„Црвенит“ синоќа со 1-3 славеа на гостувањето кај Брајтон, а Мо Салах два пати ја тресеше мержата.
Египјанецот со овие голови влезе во ексклузивно друштво и им се приклучи на Стивен Џерард, Роби Фаулер и Мајкл Овен но може да се пофали дека е фудбалерот кој најбрзо бил инволвиран во 100 погодока во Премиерлигата во дресот на Ливерпул откако забележа 73 гола и 27 асистенции на само 104 настапи.
Тој исто така се вмеша во трката за најдобар стрелец во Премиерлигата (има 19 погодока оваа сезона), но Грем Сунес предупредува дека Мо Салах може да го навлече гневот на своите соиграчи поради тоа што многу себичи.
„Од првата минута беше јасно што сака, мислам дека „Златната копачка“ му е прилично важна. Шутираше од секоја позиција, и сигурен сум дека во две или три ситуации, неговите соиграчи му беа лути“ – вели Сунес.
„Тој секогаш е себичен, но сега беше супер-себичен, навистина ја сака „Златната копачка“. Ливерпул ја освои титулата, тој го одработи својот дел за тимот, па сега игра за себе. Игра за тим кој креира прилики за гол, па верува дека има добри шанси да биде најдобар стрелец“.
„Сите напаѓачи по дефиниција се себични, но тој сега е на едно поинакво ниво. Мислам дека Мане во минатото имаше недоразбирања со него токму поради ова, што шутира наместо да му подаде“.
„На моменти секој напаѓач е алчен за гол, но ова што го правеше Салах против Брајтон е скалило погоре“.
Јирген Клоп сепак не гледа ништо лошо во сето ова и вели: „Тој е напаѓач, како може „Златната копачка“ да не биде мотивација за него? Беше најдобар стрелец во минатите две сезони, сака да биде и сега. Како и да е, за да постигнувате погодоци треба да играте добро и Салах беше одличен“.