Тимот кој избори пласман во Премиерлигата речиси и да го нема, Нотингем форест во летниот преоден рок донесе дури 18 нови фудбалери.
Последен кој потпиша е Ренан Лоди од Атлетико Мадрид. Нотингем за позајмицата ќе плати 5 милиони евра, има и опција комплетно да го откупи за уште 30 милиони евра.
„Нотингем форест со задоволство може да го потврди потпишувањето на бекот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди на едногодишна позајмица“, се вели во соопштението на клубот.
Ова што го прави Нотингем форест ова лето веројатно е рекорд, 18 нови фудбалери во еден преоден рок досега се чини дека никој друг нема донесено.
#BemVindoLodi pic.twitter.com/yVB3HRsA4V
— Nottingham Forest FC (@NFFC) August 29, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.