Никој како Кунде: Французинот е „машина“ – утре ќе прослави јубилејна бројка!

by Стефан
1 минути читање

Дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде според најавите ќе биде од првата минута на теренот во утрешниот натпревар против Борусија Дортмунд и така ќе се продолжи неговата неверојатна серија.

Имено, Кунде е во низа со која настапил на сите 99 претходни натпревари на Барселона и Франција во официјалните натпреварувања.

За Барселона оваа сезона одигра 47 натпревари, додека за Франција настапи на сите осум. Но, серијата на Кунде започнува од минатата сезона, последен пат кога не настапи ниту една минута беше на 28 ноември 2023 година кога Барселона играше против Порто.

Рекордот во Барселона го држи Антонио Торес со настапи на 136 натпревари во низа, а Кунде во каталонскиот гигант во овој момент е во серија од 88 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани