Нико Вилијамс сака да има опција да замине како слободен играч ако Барса не успее да го регистрира, но…

by riste
1 минути читање

Барселона и Нико Вилијамс бараат начин како да потпишат договор и сите да бидат задоволни со него, но работите стануваат комплицирани поради финансиските тешкотии на клубот.

Барса ќе ја плати откупната клаузула и ќе може да го потпише Вилијамс, но нејасно е дали ќе може и да го регистрира.

Агентот на фудбалерот за да го заштити својот клиент побарал тој да може да замине како слободен играч доколку Барселона не успее да го регистрира.

Но, ваквиот предлог веднаш бил одибен од Барселона, тие предложиле нешто што сметаат дека е многу пофер.

Во случај да не може да го регистрираат би прифатиле понуда од друг клуб за Нико Вилијамс во износ од сумата која тие ќе му ја платат на Билбао.

Тоа е со цел да не загубат пари од трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×