Нико Вилијамс е минато, топ трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде фудбалер на Ливерпул

by bojan
1 минути читање
Луис Диаз

Според пишувањата на Спорт, „каталонците“ го идентификувале Луис Диаз од Ливерпул како идеално засилување за крилната позиција.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта синоќа говореше за трансфер плановите и доби прашање за Нико Вилијамс, кој беше главна цел минатото лето и многумина веќе го видоа во дресот на Барселона.

„Тој беше еден од кандидатите минатото лето, но веќе е минута, сега разгледуваме други опции“ – порача Жоан Лапорта.

Како што пренесува весникот Спорт, раководството на Барса и Ханси Флик сега имаат друго име на ум за засилување на крилната позиција – Луис Диаз од Ливерпул.

Но зделката воопшто нема да биде лесна, се говори дека „црвените“ ќе бараат околу 85 милиони евра за разделба со фудбалерот од Колумбија.

Финансиската состојба на Барселона и понатаму не е сјајна и прашање е дали Жоан Лапорта и неговите соработници ќе можат да реализираат еден ваков трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани