166
Ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс е пред трансфер во Баерн Минхен, се очекува тој да се реализира во наредните денови.
Нико Вилијамс ќе почне преговори за личните услови со Баерн Минхен, откако германскиот клуб се сложил да ја плати откупната клаузула во неговиот договор со Билбао.
Откупната клаузула е околу 60 милиони евра, Баварците прифаќаат да ја платат таа сума за 22-годишниот шпански репрезентативец.
Интерес за Нико Вилијамс минатото лето имаше од Барселона, но трансферот не се случи. Се споменуваше и Арсенал, сепак се чини дека Минхен ќе биде неговата следна дестинација.
Фото: X/Athletic Club