Нико Ковач ќе си лапне убав „бонус за чудо“, Борусија Дортмунд го фати последниот воз за ЛШ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Борусија Дортмунд го фати последниот воз за Лигата на шампиони, „милионерите“ попладнево со 3-0 го совладаа Холштајн Кил и доби услуга од Анјтрахт Франкфурт, „орлите“ со 1-3 триумфираа над Фрајбург.

Кога Нико Ковач го презеде кормилото на Борусија Дортмунд во февруари, му беше ветен „бонус за чудо“ од околу 750.000 евра, односно пласман во Лигата на шампиони.

„Милионерите“ тогаш беа на 11. место на табелата и се чинеше дека топ 4 пласман е тешко остварлива мисија.

Сепак, Борусија Дортмунд денеска го фати последниот воз за Лигата на шампиони откако триумфираше со 3-0 над Холштајн Кил и доби услуга од Ајнтрахт Франкфурт, „орлите“ со 1-3 триумфираа над Фрајбург, кој испадна најголем губитник во последното коло во Бундеслигата.

РБ Лајпциг остана без настап во Европа откако пред своите навивачи загуби со 2-3 против Штутгарт, па Мајнц со ремито од 2-2 против Баер Леверкузен си обезбеди настап во Конференциска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани