Никако да им дојде памет, фановите на Лацио на расна основа навредуваа играчи на Лече

by
1 минути читање

Лацио со 2-1 загуби на гостувањето кај Лече, навивачите на римскиот клуб кои беа присутни на натпреварот направија проблем.

Во текот на првото полувреме од мечот можеа да се слушнат расистички навреди врз фудбалерите на Лече, Ламек Банда и Самуел Умтити.

Судијата Ливио Маринели ги слушна и соопшти кај делегатот, а спикерот на мечот ги предупреди навивачите дека доколку продолжат со таквото скандирање, натпреварот ќе биде прекинат.

Банда беше заменет на полувремето, а Умтити кој беше видно потресен беше смируван од тренерот на Лече, Марко Барони.

Кога фановите на Лацио го навредуваа Умтити, навивачите на Лече погласно од нив му даваа поддршка на својот фудбалер скандирајќи го неговото име.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×