Ни Јувентус, ни Милан, Заниоло ќе стави потпис на нов договор со Рома

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Заниоло со Рома е со трајност до јуни 2024 година, интерес за него има од Јувентус и Милан.

Но, ниту еден од двата клуба не е подготвен да ја плати отштетата која ја бара Рома, а таа е околу 50-60 милиони евра.

Според „Спорт Медиасет“ разговорите меѓу Рома и претставниците на Заниоло за потпис на нов договор имаат прогрес.

Заниоло сака плата од 5 милиони евра годишно, Рома му нуди 4,5 милиони евра.

Новиот договор кој треба да биде потпишан ќе биде со трајност до јуни 2026 година.

Заниоло имаше позитивна сезона во Рома која ја круниса со гол во финалето од Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×