124
Новата ѕвезда на Челси кој во минатата сезона беше еден од главните играчи на Лестер, Нголо Канте од свечената ложа го следеше дуелот со Севиља од Лигата на шампионите.
Канте е на добар пат да биде единствениот бранител на трофејот од Премиерлигата од минатата сезона со оглед на тоа што има голема шанса да го крене пехарот и со Челси, но тој се уште во својата кариера не одиграл меч од Лигата на шампионите.
Вечерва ги бодреше своите поранешни соиграчи до уште еден огромен успех, пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.