Манчестер Сити
синоќа со 1-3 славеше на гостувањето кај Брентфорд, а во финишот имаше искри на
теренот, Кајл Вокер и Нил Мопе влегоа во расправија.
Пеп Гвардиола
одби да го коментира инцидентот, но експерт кој чита од уста, октри што се
случувало.
Кајл Вокер му се
пожалил на судијата дека Нил Мопе невкусно го провоцира со коментари за
неговите деца, десниот бек на Манчестер Сити исто така се заканил дека ќе го
нокаутира Французинот.
Англичанецот дури
и порачал дека ќе го чека Нил Мопе во тунелот, додека пак напаѓачот на Брентфорд
постојано негирал дека ги спомнал децата на Кајл Вокер.
Кајл Вокер
изминатиов период често беше на насловните страни на таблоидите поради бурниот љубовен живот, сопругата
Ани Килнер (со која има три деца, а наскоро ќе добијат и четврто) го избрка од дома откако се дозна дека фудбалерот има и второ вонбрачно
дете со инфлуенсерката Лорин Гудман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.