Невил со порака до Марсијал: Можеш да бидеш ѕвезда на Јунајтед, но…

by
2 минути читање

21 годишниот
Антони Марсијал, за кого Манчестер јунајтед плати 50 милиони евра но зделката
со бонуси може да порасне и до 80 милиони, има одредени несогласувања со Жозе
Мурињо оваа сезона и често е дел од клупата за резерви.

„Специјалниот“ не
е задоволен од залагањето на играчот и му порача да работи понапорно.

Тој доби шанса
против Ватфорд изминатиов викенд и прикажа одлична партија со гол и аситенција
во победата од 2-0.

Гери Невил, кој
од ложата на Олд Трафорд го следеше натпреварот, вели дека е импресиониран од
она што го видел, верува дека Антони Марсијал има потенцијал да биде идна
ѕвезда па го советува играчот добро да размисли што сака.

„Марсијал одигра
добро, ова може да биде нов старт за него
– вели легендата на „Црвените Ѓаволи“.

„До крајот на
сезоната ќе има многу натпревар и сигурено ќе добие шанса. Кога ќе му се укаже
прилика, мора да ја искористи
.

„Тој мора да
сфати дека Манчестер јунајтед може да биде најдобриот клуб во светот и тука да
стане ѕвезда
.

„Има огромен,
огромен потецијал. Може да биде се што сака
.

„За пример треба
да го земе Мхитарјан. На почетокот од сезоната имаше одредени проблеми, беше во
немилост кај менаџеот, но успеа да го надмине тоа и сега игра одлично
.

„Марсијал треба
добро да размисли и да одлучи по кој пат сака да оди
,

„Жозе Мурињо реши
да ги предизвика, „дали сте доволно добро да играте за овој клуб? Дали имате се
што е потребно за секоја недела да играте на врвно ниво?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани