Градското дерби
помеѓу Челси и Тонем имаше контроверзна завршница, кога гостите се обидуваа да
изведат корнер, Ромеро го повлече Кукуреља за коса. ВАР и Мајк Дин го
прегледуваа инцидентот но немаше никаква реакција. Судијата Ентони Тејлор
дозволи гостите да изведат уште еден корнер и Хари Кејн погоди за 2-2.
Томас Тухел беше
бесен, тренерот на Челси не разбира како не бил покажан црвен картон и досуден
прекршок.
Како што пишува
Скај Спортс, во фудбалскиот правнилник нема конкретно објаснување како се
реагира доколку има повлекување за коса, па судиите треба сами да проценат
колкава била силата и интензитетот на повлкувањето и дали треба да го сметаат однесувањето за грубо.
Па во зависност од тоа следи и соодветна санција, за грубо однесување се покажува
црвен картон, а доколку сметаат дека повлекувањето не е доволно силно, тогаш
најверојатно ќе се смета за неспортско однесување и ќе се додели жолт картон.