Неверојатно: Хулк изгубил 6 кг на еден натпревар, морал да испие 30 литри вода за да помине допинг тест!

by
1 минути читање

Пред десетина
дена, Фламенго и Атлетико МГ одиграа реванш натпревар во осминафиналето од
Купот на Бразил, домаќините славеа со 2-0 и продолжија во следната рунда.

Елиминацијата не
е единствениот лош спомен за Хулк, напаѓачот откри дека имал неверојатно
искуство и изгубил 6 кг на натпреварот.

„Откако пристигнав
во Атлетико, ова е натпреварот на кој најмногу дехидрирав, изгубив 6 кг. Мечот
го започнав со 97 кг, на крајот имав 91 кг“
– раскажува Хулк.

За маката да биде
поголема, Хулк бил избран да направи допинг тест, па напаѓачот не можел да даде
примерок и заглавил до 4 часот наутро.

„Морав да испијам
30 литри вода за конечно да успеам да мокрам“
– додава Живанилдо Виеира де
Соуза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани