„Неверојатно е како Марсијал игра 8 години во Манчестер јунајтед, а нема постигнато 100 гола!“

by
1 минути читање

Антони Марсијал
пристигна на Олд Трафорд во септември 2015, за неговите услуги беа платени 50
милиони евра, а зделката можеше да порасне за додатни 30 милиони евра во бонуси.

Во тоа време,
Французинот стана најскапиот тинејџер, очекувањата беа големи, но напаѓачот само
на моменти прикажа дел од својот раскошен талент.

„Марсијал веќе осум
години е дел од Манчестер јунајтед и нема постигнато ниту 100 погодоци“
– вели легендата
на клубот, Енди Кол.

„Тоа е
неверојатно. Па тој е напаѓач во Манчестер јунајтед, и беше дел од неколку
фантастични тимови“.

„Најдобри
перформанси му се сезона со 17 погодоци во Премиерлигата. Имаше и повеќе од потребното
време и шанси да му покаже на Манчестер јунајтед колку навистина е добар, но за
жал не успеа да го направи тоа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×