Неверојатно: Челси има дури осум централни дефанзивци, но потроши 60 милиони евра за нов стопер!

by bojan
1 минути читање

„Сините“ попладнево го потврдија трансферот на Максенс Лакроа од Кристал Палас во зделка вредна околу 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра), Французинот ќе биде деветтиот централен дефанзивец на „Стемфорд Бриџ“.

Челси продолжува да го крои тимот по мерак на Чаби Алонсо, на Шпанецот му е исполнета уште една желба, во Лондон пристигна Максенс Лакроа.

„Сините“ платија 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра) за ангажман на Французинот и покрај тоа што тој ќе биде деветтиот централен дефанзивец во ростерот.

За две позиции, или три доколку игра со формација 3-5-2, Чаби Алонсо на располагање во овој момент ги има Леви Колвил, Тосин Адарабиојо, Тревор Чалоба, Весли Фофана, Беноа Бадиашиле, Аксел Дисаси, како и младите Арон Анселмино и Мамаду Сар, плус новајлијата Максенс Лакроа.

Очигледно ќе треба да има голема чистка во вој дел од тимот и неколку играчи ќе го напуштат клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×