Манчестер јунајтед
синоќа закажа ново финале против Манчестер Сити во ФА Купот, избраниците на Тен
Хаг на пенали го совладаа Ковентри на Вембли, во натпревар во кој малку фалеше
да се случи сензационален кам-бек, „сините“ се вратија од три гола негатива но
на крајот не успеаја да го шокираат фаворитот.
Пресметката носи и
една неверојатна приказна, во која главен лик е Очирани Батболд, кој патувал со
велосипед од Монголија до Англија за прв пат да го гледа Манчестер јунајтед.
Патешествието
траело речиси една години, односно 11 месеци и тој синоќа бил на трибините на
Вембли, да ужива во драматичен натпревар.
„За мене,
Манчестер јунајтед е синоним за драматични кам-бекови, „Театарот на соништата“,
големи играчи, Сер Алекс Фергусон, неверојатна приказна и никогаш нема
откажување менталитет“ – вели Батболд.
This @ManUtd fan made the 7,000km trip from Mongolia to Wembley for the #EmiratesFACup semi-finals, by BIKE…
It’s fair to say his 11 months of cycling were worth it as he witnessed the Red Devils win in dramatic fashion! pic.twitter.com/fF2nDRUAQB
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) April 22, 2024
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.