Јувентус ќе
патува во Лисабон со минимална предност од 1-0, но работите можеа да бидат
поинакви доколку на голот не беше расположениот Матиjа Перин.
Голманот, кој
влезе во финишот на првиот дел откако Војчех Шчесни се пожали на болки во
градите, во 91. минута имаше неверојатна двојна одбрана, прво го одбрани обидот
на Педро Гонсалвеш од пет метри, а неколку секунди подоцна го спречи и шутот на
Ектор Бељерин, кој прв стигна до одбиената топка.
По крајот на
натпреварот, Војчех Шчесни му се придружи на Матиjа Перин пред новинарите и му
честиташе.
„Матиjа беше во
одлична форма на тренинзите, малку бев уморен па реков да излезам, знаев дека
ќе направи фантастична двојна одбрана во последните секунди“ – се пошегува
Полјакот, кој добро ги ислаши сите кога со солзи во очите го напушти теренот.
„Сакам да му
честитам, Перин е момче со златно срце“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.