Шпанија го освои вториот светски трофеј со победата над Аргентина, а еден од најнеобичните моменти по финалето му се случи токму на легендарниот Серхио Рамос.
Поранешниот капитен на „црвената фурија“ натпреварот го следеше од свечената ложа во друштво на Андрес Иниеста, Чави Ернандез, Карлес Пујол, Давид Виља, Хесус Навас и Маркос Љоренте.
Меѓутоа, токму во моментот кога Феран Торес го постигна победничкиот гол во продолженијата, Рамос не беше на своето место. Тој накратко ја напуштил ложата за да замине до тоалетот, па останал без можност во живо да го проследи најважниот момент од финалето.
Телевизиските камери го снимија неговото враќање во ложата во моментите кога останатите шпански легенди веќе славеа, па Рамос дозна дека Шпанија стигнала до светската титула дури по нивната реакција.
ramos 😭 pic.twitter.com/4OpiOI1Uak
— َ (@rmngifs) July 19, 2026